(ФОТО) „ГРИН ДЕЈ“ НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ИМ ПОМАГААТ НА ЖРТВИТЕ НА ХАВАИ Бендот продава маици со фотографијата на Трамп од затворот

Тие претставија ограничено издание на маици со дизајн на нивниот албум „Nimrod“ од 1997 година, со фотографија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) од затворот во Атланта.

116

Панк рок групата „Грин деј“ пронајде начин да собере средства за настраданите од пожарите на Хаваи, но и по којзнае кој пат да испрати политичка порака. Тие претставија ограничено издание на маици со дизајн на нивниот албум „Nimrod“ од 1997 година, со фотографија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) од затворот во Атланта.

Целиот приход ќе биде дониран на здружението „Greater Good Music“, кое обезбедува храна за сите погодени од разорните шумски пожари на Хаваи, а во описот тие се повикаа на песната „Good Riddance (Time of Your Life)“, од споменатиот албум.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Green Day (@greenday)


Маиците се достапни само 72 часа, а фотографијата е преземена од Твитер (сега X) профилот на Трамп. Фотографиите се направени во четвртокот во затворот во округот Фултон во Атланта, каде Трамп пристигна да се предаде и да се фотографира како дел од кривичната постапка што произлегува од обидот на поранешниот американски претседател да го поништи својот изборен пораз во 2020 година во Џорџија.

Ова е негова прва објава на Твитер од 2021 година, а досега има собрано повеќе од еден и пол милион „лајкови“. Престојот на поранешниот претседател и фаворит на републиканските прелиминарни избори за претседателските избори во 2024 година беше краток – тој беше ослободен со кауција од 200.000 долари.

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини