(ФОТО) ГО СОБЛЕКЛА ПАЛТОТО И СИТЕ ГЛЕДАЛЕ ВО СПЕКТАКЛОТ ШТО ГО ПРИРЕДИЛА Актерката носела гола креација, врвна уметност
На црвениот тепих можеше да се види раскош и елеганција, а особен впечаток остави актерката Лупита Нјонго.
Во Њујорк во неделата се одржа доделувањето на престижните награди Тони, а на церемонијата се појавија бројни славни личности.
На црвениот тепих можеше да се види раскош и елеганција, а особен впечаток остави актерката Лупита Нјонго. Славната 40-годишна Лупита избрала на прв поглед едноставна, но всушност многу интригантна комбинација која дефинитивно го привлече вниманието помеѓу останатите креации.
View this post on Instagram
Актерката под црното кадифено сако носела необичен горен дел изработен од метал, кој го „имитира“ женското тело. Славната Оскаровка и на Инстаграм ѝ оддала своевидна почит на креацијата која ја носела, велејќи дека тоа било „бесрамно вонтелесно искуство“. Инаку, станува збор за дизајн на креаторката и уметница со пакистанско потекло, Миша Јапанвала, чија работа е инспирирана од идејата за отфрлање и деконструкција на срамот поврзан со нечие тело.
Лупита додала дека била „почестена, понизна, охрабрена и полна со енергија“ додека ја носела оваа посебна креација направена по нејзина мерка.
View this post on Instagram
„Во својот уметнички процес, Миша создава реалистичен и вистинит запис за телото на личноста како чин на отпор и прослава, а воедно инсистира на тоа да нѝ биде дозволено слободно да постоиме во нашите тела“, напишала актерката.
Нјонго го заокружила изгледот со црни панталони со широки ногавици, а нејзината избричена глава ја красела тетоважа од к’на.