(ФОТО) ГО ПОГОДИЛЕ СИЛНИ ТУРБУЛЕНЦИИ Паника на лет до Сиднеј, авионот почнал да попушта, има повредени

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, а стјуардесите во меѓувреме се пуштени од болничко лекување, соопштија во понеделникот од авиокомпанијата.

858

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Во четвртокот, авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции некаде во петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.






– Авионот почна да пропаѓа. Не бевме подготвени – рекол еден од патниците.

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, а стјуардесите во меѓувреме се пуштени од болничко лекување, соопштија во понеделникот од авиокомпанијата.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

Поврзани содржини