(ФОТО) ЕХ, КОГА БЕВ ВО МАКЕДОНИЈА… Министерот Османи му ја „разбуричка“ меморијата на кралот Чарлс
Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и кралот Чарлс Трети.
Османи изрази голема благодарност до кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.
„Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство”, напиша Османи по средбата со кралот Чарлс Трети.
Османи и кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година. Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.