(ФОТО) ЕДЕН ДЕТАЉ КАЖУВА СЀ Северина никогаш не ја избриша свадбената фотографија со Којиќ, но го смени описот
По разводот со Игор во 2021 година, пејачката не ја избриша објавата од својот профил, а истата може да се најде на нејзиниот профил и денес, но описот е сосема поинаков.
Кога некој славен пар ќе ја раскине врската или бракот, пријателите и обожавателите тоа обично го забележуваат по бришењето на заедничките фотографии на интернет. Сепак, тоа не е случај со Северина. На социјалните мрежи се уште можете да ја пронајдете фотографијата на Северина и нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ од нивната венчавка.
Северина пред две години се разведе од Игор, син на пејачот Драган Којиќ Кеба, а сега и откри на јавноста како гледа на бракот кој траеше шест години. Поранешниот пар се венча во 2015 година, а на социјалните мрежи тогаш споделија фотографија на која се бакнуваат под вода.
Северина се уште не ја избришала фотографијата од свадбата со Којиќ на своите профили на социјалните мрежи, но го промени описот на фотографијата, со што јасно стави до знаење што мисли денес за нивниот брак.
„Мил мој, да не се сретневме, ќе беше вистински грев… 22.11“, напишала тогаш Северина во описот на објавата на Инстаграм, кој е дел од текст од една нејзина песна.
По разводот со Игор во 2021 година, пејачката не ја избриша објавата од својот профил, а истата може да се најде на нејзиниот профил и денес, но описот е сосема поинаков.
„Голема грешка“, пишува сега во описот на фотографијата со која Северина го откри своето мислење за пропаднатиот брак.
ФОТО: Инстаграм