(ФОТО) „ДОЈДЕ ДУРИ И МАМА“ Кралот Чарлс на насловната на „Шарли Ебдо“ со черепот на принцезата Дијана?
Неговите синови Вилијам и Хари се прикажани како коментираат дека на овој свечен чин ќе биде присутна и нивната почината мајка.
Три дена пред историското крунисување, бидејќи по нешто повеќе од 70 децени, Чарлс Трети ќе биде прогласен за крал на Велика Британија, францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ објави насловна страница со кралот Чарлс и неговите два сина Вилијам и Хари.
На карикатурата е прикажан Чарлс Трети како носи кралска облека, а крунисан е со череп со руса коса на главата, кој асоцира на принцезата Дијана. Неговите синови Вилијам и Хари се прикажани како коментираат дека на овој свечен чин ќе биде присутна и нивната почината мајка.
„Чарлс Трети. Успешно крунисување!“, пишува на насловната страница.
„Дојде дури и мама“, пишува во говорот на Вилијам и Хари.
#CharlesIII : un sacre réussi !
Retrouvez :
👉 RSA : tout le monde déteste les pauvres
👉 Nos Barbies inclusives
👉 L’opération de comm’ de Darmanin à MayotteEn vente mercredi ! pic.twitter.com/BDygBLMp88
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) May 2, 2023