(ФОТО) ДИНО МЕРЛИН СЕ ОГЛАСИ ПО СПЕКТАКЛОТ ВО БЕЛГРАД Пејачот испрати моќна порака
Музичката ѕвезда Дино Мерлин се огласи по двата концерти одржани во преполната сала „Штарк Арена“ во Белград.
Музичката ѕвезда Дино Мерлин се огласи по двата концерти одржани во преполната сала „Штарк Арена“ во Белград.
View this post on Instagram
Како што истакна Мерлин, музиката е тука да ги зближи луѓето.
– Како што кажав на концертот во саботата, музиката ги зближува луѓето. Кога пееме заедно, некако стануваме поблиски еден до друг – рече Мерлин.
На Мерлин му е мило што неговата музика е „издувен вентил“ на многумина.
– На секој човек му треба издувен вентил. За многумина тоа е музика и среќен сум што голем број луѓе ги пеат моите песни, бараат утеха во нив и барем за момент забораваат на суровата реалност – рече славниот пејач.
View this post on Instagram
Дино Мерлин на големата сцена на „Штарк Арена“ изјави дека за жал не можеме да ги промениме лошите работи и настани, но барем да ја најдеме светлината во себе и луѓето околу нас.
– Да оставиме подобар свет за нашите деца, внуци и генерациите што доаѓаат – рече пејачот.
ФОТО: Инстаграм