(ФОТО) ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ ПОЗИРА ВО БИКИНИ Среќна и опуштена во скриен залив на Јадранот

Хрватската пејачка плени со својот изглед и во шестата деценија од животот.

1,017

Данијела Мартиновиќ изгледа заводливо и во шестата деценија. Среќна и опуштена, убавата сплиќанка ужива во својот одмор на Јадранското Море.

Хрватската пејачка на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира во бикини во скриен залив на Јадранот. Но, не открива кој и прави друштво.






Заедно со снимката од море, таа го додаде и текстот на песната „Море снова“ од музичарот Теди Спалато.

Пејачката на почетокот на месецот објави фотографија со новото момче, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ, со кој позира на промоцијата на нејзината книга, а „падна“ и првиот бакнеж пред камерите.

Врската на Данијела со полицискиот инспектор кој исто така работи во музиката, стана позната во март. Првата средба со новото момче Данијела ја опиша како „необична приказна“, а се случила пред една година, кога на интернет и бил украден идентитетот. Пејачката потоа го контактирала својот адвокат, кој ја упатил во полиција. Таму го сретнала Јосип и оттогаш започнува новата приказна во нејзиниот живот.

Поврзани содржини