(ФОТО) ДАМА СО БЕСПРЕКОРЕН СТИЛ Елегантна и лежерна Амал Клуни во парчиња кои секоја жена ги има во својот плакар
Адвокатката за човекови права Амал Клуни e „уловена“ на улиците на Њујорк додека со мајка си излегувала од хотел.
Сопругата на Џорџ Клуни е кралица на стилот и каде и да се појави воодушевува со својот изглед, без разлика дали се работи за вечерно, секојдневно или деловно издание.
View this post on Instagram
Амал е позната по својот гламурозен стил, прекрасните долги тоалети или необичните интересни комбинации на стилови.
View this post on Instagram
Но, адвокатката има и свој препознатлив стил кој се базира на опуштени (лежерни) парчиња облека, па често е инспирација за „обичните“ жени кои таква или слична облека веднаш вадат од плакарот.
Папараците неодамна ја уловија во Њујорк, во издание кое можете да го носите речиси во секоја пригода, па дури и на излегување на кафе. Во прашање се добри фармерки со ѕвонести ногавици коишто ја издолжуваат фигурата, бела ролка, црно сако, голема црна кожена чанта и кожени чизми со блок на потпетици. Стајлингот го заокружила со очила за сонце и пуштена, благо брановидна коса.
ФОТО: Инстаграм