(ФОТО) „ЦРН ДЕН ЗА БУГАРИЈА“ Ситни инциденти на отворањето на новиот српски конзулат во Благоевград

Целта на Конзулатот е да ги поддржи, да ги зајакне и продлабочи врските меѓу двата народа, изјави Жељко Јовиќ.

1,436

Во Благоевград денеска беше отворен почесен Конзулат на Република Србија, јавуваат бугарски медиуми.

На свеченото отворање присуствуваше и српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ, пречекан од градоначалникот на Општина Благоевград, Илко Стојанов.






Ова е втор српски почесен конзулат во Бугарија, по оној во Пловдив.

Целта на Конзулатот е да ги поддржи, да ги зајакне и продлабочи врските меѓу двата народа, изјави Жељко Јовиќ.

На почетокот на церемонијата пред трибината се појави граѓанин со протестен плакат. Тој бил однесен од полицијата, а за време на церемонијата немаше сериозни инциденти.

Поврзани содржини