(ФОТО) БИЈОНСЕ БЛЕСНА ВО ФУСТАН НА ПОЗНАТА СРПСКА ДИЗАЈНЕРКА Пејачката сите ги остави без здив во спектакуларната креација
Бијонсе пред два дена настапи во Лондон и како и секогаш беше облечена во спектакуларна креација, но посебно внимание го привлече кралскиот син фустан со потпис на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Една од најголемите светски музички ѕвезди – Бијонсе се врати на големата сцена со одличен настап во Стокхолм, каде што ја отвори својата најнова турнеја наречена „Renaissance“.
Ова е нејзина деветта концертна турнеја, која воедно е и промоција на нејзиниот седми студиски албум. Обожавателите имаат огромни очекувања од популарната пејачка, а таа веќе ги освои срцата на многумина кога на настапот во Лондон се појави во фустан од познатата српска модна дизајнерка.
View this post on Instagram
Бијонсе пред два дена настапи во Лондон и како и секогаш беше облечена во спектакуларна креација, но посебно внимание го привлече кралскиот син фустан со потпис на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
View this post on Instagram
Креаторката ја сподели фотографијата на својот Инстаграм и напиша:
„Ви благодариме г-ѓа Картер за овој прекрасен момент – навистина сум почестена! Неверојатната @beyonce во специјална РОКСАНДА за вечерта на отворањето на нејзината турнеја „Renaissance“ во Лондон со многу емотивен настап и омаж на легендарната Тина Тарнер. Остварување на сонот, благодарам @karenlangleystylist, @taragreville и благодарам на мојот неверојатен тим – без вас оваа магија не би била возможна.“
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм