(ФОТО) АЛ ПАЧИНО И 54 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА УЛОВЕНИ ВО РЕСТОРАН Парот пред два месеци доби син
Холивудската легенда Ал Пачино (83) и неговата млада девојка Нур Алфала (29) неодамна добија дете и ја шокираа целата јавност, а парот сега е фотографиран во ретко излегување.
Холивудската легенда Ал Пачино (83) и неговата млада девојка Нур Алфала (29) неодамна добија дете и ја шокираа целата јавност, а парот сега е фотографиран во ретко излегување.
Пачино и Алфала биле „уловени“ пред италијански ресторан во Менхетен, Њујорк.
Легендарниот актер за оваа пригода облекол сив костум, додека неговата партнерка се одлучила за спортска модна комбинација. Носела хеленки, јакна, а лицето го покрила со очила за сонце.
View this post on Instagram
Како што пишува порталот „Пејџ сикс“, парот бил во ресторанот поради деловната соработка на актерот. Имено, Пачино ќе глуми во новиот музучки спот на пејачот Бед Бани.
Пачино и Алфала во јуни добија син, на кого му го дадоа името Роман.
Al Pacino arrive for a music video shoot with Bad Bunny in New York. 🎥 pic.twitter.com/k4qdMmYwX4
— Access Bad Bunny (@AccessBadBunny) August 25, 2023
Да потсетиме, Нур на 22 години имаше афера со музичарот Мик Џегер (79), неколку месеци подоцна беше фотографирана на вечера со актерот и режисер Клинт Иствуд (93), се дружеше и со милијардерот Николас Бергруен (61), а последната година, филмската продуцентка Нур Алфала (29) е во врска со актерот Ал Пачино, кој е постар и од нејзиниот татко.
ФОТО: Инстаграм/Твитер