(ФОТО) АКТЕРОТ ВЕЛИ ДЕКА СЀ УШТЕ ЈА САКА Бред Пит откри со кого ја имал една од најдобрите врски
Поранешната двојка се запознала на снимањето на филмот „Премногу млад да умре“, кој се појави во киносалите во 1990 година.
Холивудскиот шармер Бред Пит излегувал со голем број познати актерки. Од Гвинет Палтроу до неговите поранешни сопруги Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но сега откри дека една од неговите најдобри врски била со поранешната девојка Џулиет Луис.
View this post on Instagram
Холивудската ѕвезда се присети на времето поминато заедно.
– Сè уште ја сакам таа жена. Поминав одлично време со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува сѐ, а тоа едноставно не е така , зарем не? – изјави 59-годишниот во интервју за „Ванити фер“.
View this post on Instagram
Поранешната двојка се запознала на снимањето на филмот „Премногу млад да умре“, кој се појави во киносалите во 1990 година. Луис имала 17, а Пит 27 кога почнале да се забавуваат.
Бред и Џулиет беа во врска три години, а раскинаа во 1993 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм