(ФОТО) АКТЕРОТ ИМА 72, ПЕЈАЧКАТА 42 ГОДИНИ Бил Мареј во тајна врска со Келис
Холивудската легенда Бил Мареј повторно е во врска, и тоа со 30 години помладата пејачка Келис, пренесуваат американските медиуми.
Актерот Бил Мареј (72) и пејачката Келис (42) се најновата двојка во Холивуд, пишува американскиот портал ТМЗ, барем според новиот извештај кој вели дека се во врска.
Актерот ветеран и пејачката позната по хит песната „Милкшејк“ неодамна по извесно време дружење, започнале врска. Иако првично можеби изгледа како неверојатен спој, поради нивната разлика во години, 72-годишниот Бил и 43-годишната Келис неодамна се забележани во Лондон, како позираат за заедничка фотографија зад сцената по свирка.
View this post on Instagram
Покрај тоа, тие наводно биле видени во истиот хотел во Лондон. Како што пишува британски „Сан“, меѓу нив постои длабока врска откако и двајцата неодамна доживејаа загуба на своите партнери.
Вториот сопруг на Келис почина во март 2022 година, а поранешната сопруга на Бил почина во 2021 година, а тоа што неодамна поминале низ слично искуство е она што ги поврзало.
Нивниот заеднички пријател рекол:
„Што и да ги спои, и колку и да изгледа малку веројатно, и двајцата се сингл и се забавуваат и покрај нивната значителна разлика во годините“.
View this post on Instagram
По холивудските ветерани Ал Пачино и Роберт де Ниро, кои станаа татковци во осмата деценија со многу помлади партнерки, овој тренд изгледа продолжува, па актерите во подоцнежните години станаа многу популарни меѓу помладите дами…
ФОТО: Инстаграм