(ФОТО) АКО ВИ ИЗГЛЕДА ПОЗНАТО, ТОА Е ЗАТОА ШТО Е Сара Џесика Паркер ја посвои мачката на Кери Бредшо од новата серија

Актерката Сара Џесика Паркер на својот инстаграм-профил откри дека нејзината најслатка колешка од серијата „И само така...“ (And Just Like That), мачката Shoe (Чевел), станала член на нејзиното семејство во реалниот живот.

776

Актерката Сара Џесика Паркер на својот инстаграм-профил откри дека нејзината најслатка колешка од серијата „И само така…“ (And Just Like That), мачката Shoe (Чевел), станала член на нејзиното семејство во реалниот живот.

Да потсетиме, во последната епизода од втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“, Кери Бредшо (ја игра Сара Џесика Паркер) е видена како во рацете држи прекрасно маче по име Shoe, пишува „Хафингтон пост“.






Актерката по повод посвојувањето на мачката се огласи на Инстаграм и објави дека нејзиниот нов миленик има ново име.

„Неговото име надвор од камерата е Лотус. Тој и неговите браќа и сестри добија ботанички имиња кога беа спасени штотуку родени од здружението „Конектикат хумано“. Официјално, мачето беше посвоено од семејството Паркер/Бродерик во април 2023 година. Тој им се придружува на Реми и Смајли кои ги посвоивме во мај 2022 година. Ако ви изгледа познато, тоа е затоа што е. Бакнежи, Сара Џесика Паркер“, навела актерката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини