📷 ФОТКАТА OД АЛЈАСКА БОДЕ ОЧИ НА ЅИД ВО БЕЛАТА КУЌА Трамп и Путин заедно, па Трамп заедно со внучето
Фотографијата на американскиот и рускиот претседател потекнува од самитот во Алјаска одржан минатиот август. Интересно е што под неа се наоѓа и слика на американскиот претседател со својот внук.
Фотографија исткната на ѕид во Белата куќа го привлече вниманието на новинарите. На неа заедно стојат шефот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Веднаш до неа е поставена уште една слика на која Трамп позира со едно од своите внучиња.
Фотографијата со Путин во централниот коридор што ги поврзува Западнот крило со резиденцијалниот дел ја забележа и ја сними дописничката на Пи-Би-Ес од Вашингтон, Елизабет Ландерс. Таа објави видео на мрежата Икс и напиша дека ваков експонат досега немала видено на тој ѕид.
Фотографијата со Путин потекнува од самитот во Алјаска одржан минатиот август. Таму Трамп и Путин разговараа во рамки на првата средба меѓу американски претседател и руски лидер по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.
Also something I noticed in a vestibule area that connects the West Wing to the residence that I hadn’t see before: a framed photo of Presidents Trump and Putin at their summer summit in Alaska. Lower photo is President Trump with one of his grandchildren. pic.twitter.com/jabUEmZyay
— Elizabeth Landers (@ElizLanders) January 27, 2026
Неколку дена подоцна, Трамп ја покажа истата фотографија пред новинарите во Овалната соба.
– Ми ја испратија и мислев дека ќе сакате да ја видите – им рече Трамп тогаш на новинарите.
Тој ја опиша фотографијата како прекрасна и додаде дека нејзиното испраќање го доживеал како знак на меѓусебно почитување. Притоа нагласи дека почитта не значи и согласност за сите прашања.
Според проценка на „Њујорк тајмс“, бројот на убиени и ранети во Украина достигнал околу 2 милиони луѓе, вклучувајќи војници и цивили.