ФОРУМ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТРАНСАТЛАНТСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА ВО АТИНА Божиновска е меѓу поканетите од американското Министерство за енергетика

Платформата (P-TEC), ја координира Канцеларијата за меѓународни работи на Министерството за енергетика на САД, а покрај САД во неа учествуваат Европската Унија и 24 европски земји., меѓу кои и Македонија.

77

Енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција се темите на Шестиот шестиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC),  што ќе се одржи на 6 и 7 ноември во Атина, соопшти Министерството за енергетика.

Оттаму информираа дека на форумот на министри ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска кој добила официјална покана од секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт кој заедно со грчкото Министерство за енергетика  го организира форумот.






Форумот ќе го отвори американскиот секретар за енергетика  Рајт, заедно со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, а на програмата ќе учествуваат водечки личности од глобалниот енергетски сектор, претставници на меѓународни институции и енергетски компании.

Шестиот министерски состанок ќе се фокусира на европската енергетска безбедност, прифатливост и сигурност и ќе вклучува панели фокусирани на вештачката интелигенција; Вертикалниот коридор; безбедноста (вклучувајќи ја и сајбер безбедноста) на енергетската инфраструктура; мобилизацијата на инвестициите во енергетската инфраструктура; и нуклеарната технологија и диверзификацијата на горивата.

Во рамки на посетата министерката Божиновска ќе има и средба со секретарот за енергетика на САД, на која ќе се разговара за можности за продлабочување на енергетската соработка, инвестиции во регионални енергетски коридори.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе присуствува и на прием организиран од Амбасадата на САД во Атина, на покана на амбасадорката Кимберли Гилфојл, во чест на американските секретари за внатрешни работи и енергетика и нивните тимови кои престојуваат во Грција како дел од програмата на P-TEC.

-Учеството на министерката Божиновска на овој форум е потврда за зголемениот интерес и позиционирање на Македонија во рамките на трансатлантските енергетски иницијативи, како и за континуираниот ангажман на Владата во насока на јакнење на енергетската стабилност, диверзификација на изворите и пристапот до нови технологии и инвестиции – велат од Министерството за енергетика.

P-TEC е водечка платформа за министрите за енергетика и делегации од Централна и Источна Европа за соработка со Министерството за енергетика на САД, други американски агенции и приватниот сектор за решавање на енергетските прашања во Централна и Источна Европа.

Платформата ја координира, Канцеларијата за меѓународни работи на Министерството за енергетика на САД, а покрај САД во неа учествуваат Европската Унија и 24 европски земји.

Земјите и организациите што учествуваат во P-TEC вклучуваат: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Европската Унија, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Косово, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Украина и Соединетите Американски Држави.

Министерството за енергетика на САД обезбедува и поддршка на земјите-партнери на P-TEC во сајбер безбедноста на инфраструктурата на електричната и гасната мрежа преку Националната лабораторија Ајдахо (INL), светски лидер во обезбедувањето на индустриските контролни системи од сајбер закани.

Поврзани содржини