Формула 1 ќе направи 10.000 тестови за првите две трки

Примероците ќе се земаат двапати на ден, а лабораторијата што ќе ги изврши тестовите ќе работи 24 часа на ден.

228

Организаторите на воведните трки во Формула 1 ќе спроведат 10.000 тестови за коронавирусот, објавија денес австриските медиуми.

Првите трки во сезоната ќе се одржат на 5 и 12 јули на патеката во Шпилберг.






Примероците ќе се земаат двапати на ден, а лабораторијата што ќе ги изврши тестовите ќе работи 24 часа на ден.

Резултатите ќе бидат достапни 16 до 24 часа по тестирањето.

Само 3.000 луѓе ќе можат да влезат на трибините и сите ќе треба да имаат негативен тест за коронавирусот, не постар од четири дена.

Организаторите добија дозвола за одржување на трката затоа што тие претставија предлог мерки против ширење на вирусот на владата.

Распоредот на Формула 1 сè уште не е официјално потврден, а по две трки во Австрија, истаотолку треба да се организира во Велика Британија во втората половина на јули.

Поврзани содржини