Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“

„Ануитет“ има цел да ги заштити граѓаните, клиенти на банките и нивните права.

939

Од почетокот на месецов се активира Здружението на банкарски клиенти „Ануитет“ коешто, како што соопшти, има цел да ги заштити клиентите на банките и оставурвањето на нивните права при воспоставување на деловен однос со банките и други финансиските институции.

– Визијата на Здружението „Ануитет“ е фер и етички однос на банките спрема нивните клиенти што ќе придонесе кон градење на посилна и здрава економска моќ на секој поединец, како спротивност од досегашното делување на банките во насока единствено за остварување на астрономски
профити – велат од Здружението.






Оттаму додаваат дека  очекуваат кон сдружението да се приклучат  граѓанин и компании со цел  заедно да се стави крај на едностраното неетичко делување на банките врз грбот на обичниот граѓанин.

Поврзани содржини