Формиран кризен штаб во рамки на Стопанската комора

На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија ќе бидат наведени и дежурни контакт лица со контакт информации.

517

Стопанската комора на Македонија соопшти дека формира Кризен штаб во рамки на комората, кој ќе функционира во периодот на траење на вонредната состојба во земјава.

Кризниот штаб ќе овозможи уште поголема поддршка на компаниите преку обезбедување на континуирана достапност на информации и преземање на активности врзани за полесно пребродување на оваа кризна ситуација.






На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија компаниите можат да најдат бројни корисни информации важни за оперативното работење во тековните околности, информации за уредби, одлуки и препораки усвоени од Владата и други надлежни органи, интерни информации од комората поврзани со прашања кои ги покренуваат компании-членки на комората и информации од регионот, особено од Коморскиот инвестициски форум.

На интернет страницата на Стопанската комора на Македонија ќе бидат наведени и дежурни контакт лица со контакт информации.

Согласно добиените информации последниве денови, властите во Турција забрануваа влез на македонски транспортери во таа земја, како последица на тамошните воведени мерки за заштита од коронавирусот. Ваквата ситуација сериозно ги погодува сите македонски компании кои вршат извоз и увоз на производи во и од Р.Турција или преку Турција се поврзуваат со азиските пазари.

Тргнувајќи од традиционално добрите трговски односи меѓу нашите две земји и одличната соработка меѓу двете институции, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески со писмен допис се обрати вчера до господинот Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на комори и стокови берзи на Турција, со молба во рамките на неговите овластувања да се заложи за надминување на постојниот проблем, со што ќе им се помогне на македонските транспортери и ќе се овозможи слободен проток на стоки помеѓу нашите две земји.

 

Поврзани содржини