Велика Британија нарача 10.000 респиратори од конзорциумот на компании, вклучувајќи ги „Форд“, „Ербас“ и „Ролс-Ројс“, во рамки на „битката“ против коронавирусот.
Според извор од автомобилската индустрија за „Ројтерс“, нарачката ќе биде објавена утре, а веста веќе ја пренеле британските медиуми.
Бројот на починати од коронавирусот во Велика Британија надминаа 1.000 лица.