„Форца“ донираше маски за здравствените работници

309

Донација за Министерството за здравство и отпишување на казните за кредити се дел од начините на компанијата „Форца“ за поддршка во борбата против пандемијата.

„Во услови на пандемија со коронавирус, кога човештвото се соочува со еден од најголемите предизвици досега, хуманоста и солидарноста на компаниите се од исклучително значење, со цел кризата да се преброди што побрзо и со што е можно помали последици“, се вели во соопштението од компанијата.






Токму затоа, велат оттаму, „Digital Finance International“ – Скопје, чии брендови се „Forza“ и „Kreddy“, како општествено одговорна компанија, одлучи преку серија иницијативи и активности да помогне за полесно справувањето со пандемијата во овие исклучително тешки времиња.

Во знак на благодарност кон медицинските работници кои ги ризикуваат своите животи во борбата со ковид-19, а воедно и сите оние кои се во првите борбени редови против пандемијата, компанијата донира медицинска опрема како директна помош за Министерството за здравство. Донацијата се состои од респираторни маски за вкупно 750 здравствени работници, а сумата била обезбедена преку создавање посебен фонд од компанијата, во кој во текот на минатиот месец редовно се собирале средства од секоја отплата направена од клиентите на „Forza“ и „Kreddy“.

„Покрај оваа донација како директна помош, во знак на солидарност со ранливите категории граѓани кои се соочуваат со последиците од економската криза како резултат на пандемијата, компанијата соопшти уште една олеснителна мерка со која и индиректно помага на општеството, а тоа е отпишување на пеналите за ненавремено подмирување на долговите за повеќе од две илјади клиенти на „Forza“ и „Kreddy“ кои во потполност го имаат исплатено преостанатиот долг, а се од загрозена категорија или пак имаат потреба за тоа“, се наведува во соопштението.

– Искрено се надевам дека со оваа помош барем малку ќе можеме да придонесеме за полесно справувањето со здравствената криза од која сме погодени сите. Истовремено, имајќи предвид дека оваа криза зазема сѐ поголем замав и од економски аспект, верувам дека со отпишувањето на пеналите на нашите клиенти, дополнително го олеснуваме нивниот вкупен долг и излегуваме во пресрет на некои од најпогодените од кризата. Сакаме да им порачаме на сите дека „Forza“ и „Kreddy“ се на нивна страна и оваа криза заедно ќе ја пребродиме, излегувајќи од неа посилни и поподготвени за новите предизвици кои ни претстојат – изјави Елизабета Сиљановска, генерален директор на „Digital Finance International“.

„Форца“ воведе и уште еден новитет, односно својата нова програма „Препорачај го Форца кредитот“. Програмата, се вели во соопштението, функционира на тој начин што клиентите имаат можност „Форца кредитот“ да го препорачаат на свој пријател, со што и двајцата добиваат по илјада денари на својата сметка кои може да се искористат за следната отплата на кредитот.

На овој начин, „Форца“ на своите членови и корисниците на „loyalty“ програмата, им нуди уште една можност за полесна отплата на долговите за кредит, услуга која е од особено значење за полесно справување со кризата.

Поврзани содржини