Богатството на планетарно познатата пејачка Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот.
Како што објави во средата магазинот „Форбс“, музиката не е примарниот извор на нејзиното богатство.
Поголемиот дел од богатството на пејачката родена во Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, од кои 1,4 милијарди долари, доаѓаат од 50 отсто од акциите во козметичката линија „Фенти бјути“, објави „Форбс“.
Козметичката компанија на Ријана, која таа ја има во заедничко вложување 50-50 со францускиот луксузен конгломерат „ЛВМХ“, е позната по широката палета од 50 тонови на кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата беше формирана во 2017 година. Како резултат на тоа, таа стана лидер во однос на вклучувањето во индустријата.
Ријана е една од најпродаваните музички уметници на сите времиња. Има девет „Греми“ награди, 13 американски музички награди и 12 музички награди „Билборд“.
Меѓу жените кои имаат кариера во забавната индустрија, само Опра Винфри е побогата од неа, пишува „Форбс“.