„Форбс“: Далас Каубојс останува највреден клуб во светот

296

Финансискиот магазин „Форбс“ ја објави денеска своја годишна листа на највредни спортски клубови во светот, на која петта година по ред на чело е американскиот рагби клуб од НФЛ лигата Далас Каубојс.

Според проценката на „Форбс“, вредноста на Далас Каубојс изнесува 5.7 милијарди долари, што е за 3.6 отсто повисока вредност во споредба со минатата година. На второ место на листата на „Форбс“ е американскиот безбол тим од НФЛ лигата Њујорк Јенкис (5.3 милијарди долари), пред НБА лигашот Њујорк Никс (5), шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона (4.76) и Реал Мадрид (4.75).






Според „Форбс“, вредноста на 50-те најбогати клубови во светот пораснала за 1.1 отсто во споредба со лани и покрај пандемијата на коронавирус што доведе натпреварите да се играат без публика, но, од друга страна, им донесе на клубовите побогати договори за телевизиските права.

Поврзани содржини