Цел свет зборува за потегот на „Форбс“ кој ѝ ја одзема на старлетата Кајли Џенер титулата на најмладата самоостварена милијардерка.
Престижниот магазин „Форбс“, кој минатата година на својата насловна страница ја прогласи Кајли Џенер за најмлада милијардерка, тврди дека таа повеќе не ја заслужува титулата.
Кајли Џенер е отстранета од листата на милијардери на „Форбс“ во петокот, откако пристигнале шокантни информации дека таа со години го „преувеличувала успехот на својата работа“.
– Таа ткаеше мрежа на лаги за податоците на компанијата, „ги надувува големината на работата и успехот“, а ниту пак, беше чесна во плаќањето на даноците, се вели во текстот. Таа лажеше за податоците на компанијата и ги фалсификувала даночни пријави – пишува „Форбс“, додавајќи дека Кајли го сторила сето тоа за да „стаса до статусот на милијардер“.
– Крис и Кајли се плашат дека ова ќе му наштети на нивниот бренд, а уште полошо, можно е да имаат проблеми со законот – открил извор за медиумите.
Изворот, исто така, тврди дека Кајли и Крис се плашат од правни последици, како и од нарушување на угледот на семејството.
– Се претпоставува дека Комисијата за размена на хартии од вредност ќе започне таканаречена неформална истрага, а потоа можеби ќе ја префрли во формална истрага, па ќе им врачат судска покана – рекол Јан Ханџлик, главен адвокат за финансиски измами.
„Форбс“ објави дека документите на нејзината фирма бил фалсификувани за на фирмата да ѝ скокне цената.
По повод наводите дека лажирала информации за нејзината финансиска состојба, Кајли се огласила на Интернет:
„Со што се будам … мислев дека ова е реномирана медиум. Зошто воопшто се трудам. Сѐ што гледам се неточни изјави и непроверени претпоставки. Никогаш не сум барала титули, ниту сум се обидувала да го лажирам својот пат до врвот. Точка.“
ПР-службата на Кајли Џенер била контактирана од „Дејли мејл“, но сè уште не добиле одговор.
Претходно, Кајли продаде 51 отсто од својата компанија „Кајли козметика“ на гигантот за убавина „Коти“. Нејзината компанија била вредна 1,2 милијарди американски долари во јануари.