ФОНТАНАТА ПАК „ЛАПНА“ КАМИОН По четврти пат товарно возило пропадна на Плоштад Македонија

Ова е четврти пат товарно возило да падне во фонтаната на Плоштадот, последниот пат беше при крајот на август кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје.

481

Пак пропадна камион во подната фонтаната на Плоштадот Македонија во близина на „Воинот на коњ“.

Како што може да се забележи на фотографијата која ни ја испратија нашите читатели, возилото е значително оштетено, а исто така и фонтаната. Засега нема информации како камионот се нашол на ова место, бидејќи во овој дел од градот потребна е специјална дозвола за возила кои вршат достава.






Ова е четврти пат товарно возило да падне во фонтаната на Плоштадот, последниот пат беше при крајот на август кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна при што фонтаната која веќе подолго време не е во функција.

Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Поврзани содржини