„ФОНТАНАТА ЛАМЈА“ Новата разгледница на Град Скопје (ФОТО)
Товарното возило кое во средата падна во подната фонтана е четврто досега, па поради тоа на Твитер се појави саркастична фотографија за која авторот вели дека ќе биде препознатлива за нашиот град.
Откако пред два дена пропадна камион на плоштадот „Македонија“ во Скопје, не престанува сеирот на социјалните мрежи.
Товарното возило кое во средата падна во подната фонтана е четврто досега, па поради тоа на Твитер се појави саркастична фотографија за која авторот вели дека ќе биде препознатлива за нашиот град.
Дали можеби ова е новата автентична разгледница од главниот град?
🤣🤣🤣 pic.twitter.com/XwcQoROiZH
— Nikola Tasev (@NikolaTas) November 25, 2022
Инцидентот што се случи на плоштадот „Македонија“ беше многу интересен за твитер-заедницата кај нас.
До сега камионот на Каре стигна најдалеку до средината.
Уште малку и ќе успееше да направи хоум ран. https://t.co/1vJZat31ue
— Darko Arsovski (@dArsovec) November 23, 2022
Бермудски триаголник од АлиЕкспрес pic.twitter.com/94Q6wnXBmS
— Брада (@legovski) November 23, 2022
уште два пропаднати камиони на плоштад во метрополата и дошла нова година
— ацо (@Acomk) November 23, 2022
Хаха, квалитет што се памти pic.twitter.com/c9CI3gP8g1
— La chica con cojones (@RedRadish5) November 23, 2022
пак некој се удавил 🤔 pic.twitter.com/y1iYr9I8ta
— MN 🇲🇰 (@kokpit) November 23, 2022