ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ ДОНИРАШЕ 10.000 ЕВРА На младиот Бошко му се потребни 75.000 евра за лекување во Турција

Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување, порача кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

144

Фондацијата „Никола Јанчев“ на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов, кому му се потребни вкупно 75.000 евра за лекување во Турција.

„Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејство. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од сѐ срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро. Од семејната фондација ‘Никола Јанчев’ ќе бидат одвоени финансиски средства во износ од 10.000 евра, со цел да започне процесот на лекување. Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување. Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму“, порача Митко Јанчев.

Поврзани содржини