ФОНДАЦИЈА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“ Улогата на библиотекарите во обликувањето на идните лидери
Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, сподели интересни и малку познати моменти од животот на Ѓорѓи Марјановиќ, истакнувајќи ги стратегиите кои ги користел за пренесување на љубовта кон читањето. Исто така, тој предложи корисни идеи и практични предлози, наменети за реализација во литературните секции во основните училишта.
Во рамки на редовното 49-то годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ), денеска Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, се обрати пред присутните со предавање насловено „Улога на библиотекарите во обликувањето на идните лидери”.
Во текот на своето предавање, Марјановиќ сподели интересни и малку познати моменти од животот на Ѓорѓи Марјановиќ, истакнувајќи ги стратегиите кои ги користел за пренесување на љубовта кон читањето. Исто така, тој предложи корисни идеи и практични предлози, наменети за реализација во литературните секции во основните училишта.
Годишното собрание се одржи во Центарот за конференции и студии во националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје во 10.30 часот. Настанот беше успешно реализиран и присутните имаа можност да разменат искуства и идеи поврзани со улогата на библиотекарите во поттикнувањето на љубовта кон читањето кај децата.
Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ е непрофитна организација посветена на поттикнување на образованието, лидерството и социјалниот развој во Македонија. Со фокус на зајакнување на младите и култивирање на идни лидери, Фондацијата работи неуморно да инспирира позитивни промени и да придонесе за растот и просперитетот на земјата.