ФОН ќе продолжи со онлајн настава

378

Се додека не биде сведен на минимум ризикот од вирусот ковид-19, АУЕ – ФОН нема да ги врати студентите со физичко присуство на настава, информира ФОН.

– Во време на успешно имплементирана дигитална трансформација и најмал ризик за универзитетот АУЕ – ФОН е непотребен. Ја почитуваме одлуката на владата која даде можност за избор, но таа најмногу е насочена кон универзитети кои не се во можност да ги одржат активностите онлајн и да се трансформираат дигитално. ФOН е во фаза на трансформација во Aмерикански универзитет на Европа и со американскиот систем планира да започне уште со почеток на новиот семестар, а ќе го комплетира со крајот на наредната академска година, каде ќе понуди неколку двојни програми базирани на традиционално образование и со комплетно нова дигитална платформа за онлајн образование. Овие промени треба да донесат едно скалило повисоко во однос на квалитет во високото образование на нашиот универзитет – велат од ФОН.

 

Поврзани содржини