Фон дер Лајен: Респораторите спасуваат животи, мораме да ги имаме

„Респираторите можат да спасат животи и ние мораме да обезбедиме да ги имаме во доволен број во ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

221

Претседателката на Европската  комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека со цел да се набават респиратори таа денеска свикала видеоконференциска средба со директорите на 25 компании што можат да почнат, да придвижат или да го пренасочат своето постојно производство за моменталните потреби на ЕУ.

„Респираторите можат да спасат животи и ние мораме да обезбедиме да ги имаме во доволен број во ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.






Таа наведува дека учесниците во разговорот биле компании што ќе го пренасочат своето производство на респиратори, веќе постојни производители што можат да ги покренат своите производни капацитети, нови компании и друга постојна индустрија што може да создаде нови производни линии.

„Нивната посветеност е силен сигнал на надеж и солидарност“, заклучи Фон дер Лајен на Твитер .

Поврзани содржини