ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВИКА НА ЗДРУЖУВАЊЕ Унијата мора да го зголеми производството на муниција и за Украина и за себе

Претседателката на ЕК нагласи дека Унијата не може да чека месеци и години за да ги обнови своите воени резерви или да испрати гранати од голем калибар во Украина.

166

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска рече дека ЕУ може да биде партнер со воената индустрија за да го зголеми производството на муниција за Украина и да ги обнови сопствените резерви.

Таа го спореди овој план со она што го направи Унијата за време на пандемијата кога беше неопходно да се произведат огромни количини вакцини против коронавирусот.






– Би можеле да размислиме за големи договори кои ќе им овозможат на одбранбените компании да инвестираат во производствени линии за да го забрзаат производството и да ги зголемат количините што можат да ги испорачаат – рече Фон дер Лајен на безбедносната конференција во Минхен.

Таа нагласи дека Унијата не може да чека месеци и години за да ги обнови своите воени резерви или да испрати гранати од голем калибар во Украина.

– Сега е време да се зголеми производството на она што и треба на Украина, како што е стандардизирана муниција – рече фон дер Лајен.

Испораката на огромни количини муниција во Украина предизвика загриженост кај некои членки на ЕУ дека би можеле да останат без залихи. Собрани во главниот град на Баварија, западните лидери вчера најавија интензивирање на воената помош за Украина, вклучувајќи муниција и оружје, особено тенкови.

Поврзани содржини