ФОН ДЕР ЛАЈЕН Е УБЕДЕНА ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА Европската комисија работела интензивно

Свесна сум за фактот дека прво треба да ги решиме прашањата, тука е билатералното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, и убедена сум дека ќе најдеме решение и важна беше и силната поддршка за ова прашање изразена на Самитот - рече таа.

193

Нашите партнери од Западен Балкан преземаат важни реформи и видлив е нивниот напредок, но сега Европската Унија е на ред да испорача. Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува нашиот кредибилитет и поддршка во регионот, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел и премиерот на Словенија Јанез Јанша, по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

– Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем – вели Фон дер Лајен.






Како што јави известувачот на МИА од Брдо кај Крањ, таа во овој контекст додаде дека дијалогот, волјата за решавање проблеми, и капацитетот да се решаваат тешки и сложени прашања, се во срцето на она што е и самата Европска Унија и изрази уверување дека овие прашања можат да се решат.

– Свесна сум за фактот дека прво треба да ги решиме прашањата, тука е билатералното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, и убедена сум дека ќе најдеме решение и важна беше и силната поддршка за ова прашање изразена на Самитот – рече таа.

Фон дер Лајен ги поздрави реформите во клучните области во земјите од регионот – владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на медиуми и економските реформи, додавајќи оти е важно да се одржи нивниот курс.

– Пораката на Европската комисија е многу јасна – Западен Балкан е дел од истата Европа како и ЕУ. Ние делиме иста историја, исто интереси, вредности и убедена сум оти делиме и иста судбина. ЕУ не е комплетна без Западен Балкан. Европската комисија ќе прави се за да го забрза процесот на проширување и европската интеграција на регионот. Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија и нема сомневања дека нашата цел е проширувањето, -подвлече Фон дер Лајен.

Нејзина втора порака, како што рече, денеска е дека Економскиот и инвестициски план e јадрото на ангажманот на ЕУ во регионот, што е важно и за заедничкиот регионален пазар. Самиот факт, додаде таа, што вложуваме 30 милијади евра во регионот е доказ дека сме најсигурен партнер на Западен Балкан и ќе останеме најблизок партнер во годините и децениите што доаѓаат.

– Минатата недела ги посетив шесте земји од Западен Балкан и исто така го почувствував нетрпението на населението таму, како и нивната фрустрација од одолговлекувањето на процесот да се приклучат кон ЕУ. И јас го разбирам тоа. Мнозинството лидери ја искажаа поддршката за проширувањето, особено да се направи чекор напред со Албанија и со Северна Македонија, дури ова беше изразено и од најскептичните лидери. И ова е многу јасен знак за прашењето за прширувањето –  децидна е претседателката на ЕК.

Поврзани содржини