Фон дер Лајен до АстраЗенека: Исполнете го вашиот договор со Европа пред да извезувате во други земји

Европската комизија бара унијата прва да ги добие договорените вакцини.

1,320

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се закани дека ќе го блокира извозот на вакцината на АстраЗенека, доколку Европската унија прво не ги добие своите залихи.

– Имаме опција да забраниме каков било планиран извоз. Пораката што ја испраќаме до АстраЗенека е: Исполнете го вашиот договор со Европа пред да започнете со испорака во други земји – наведе Фон дер Лајен во интервју за германската медиумска групација „Функе“.

Поврзани содржини