Фон дер Лајен бара милијарди евра за вакцина против ковид-19 за сите

Ни требаат милиони дози. Тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена, вели претседателката на Европската комисија.

734

Европската унија собира милијарди евра со идеја да овозможи вакцинација против коронавирусот еден ден да биде на располагање на сите, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека е потребен Маршалов план за ЕУ.

Во понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и т6ерапија против коронавирусот.






– Ние сакаме да спречиме вакцината, штом еднаш биде развиена, да ја добијат само оние кои можат да си го дозволат тоа – рече шефицата на ЕК за ДВ.

Таа додаде дека започнале заеднички анализи за вакцината, но сега мора да се градат капацитети за да се произведе кога ќе биде развиена.

– Ни требаат милиони дози. Тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена – додаде германската политичарка.

Поврзани содржини