„ФОЛИРАНТОТ СТЕВО ГЛУМИ САМОДОВЕРБА, А СТОИ МИРНО ПРЕД АРТАН ГРУБИ“ Тој се плаши од дуел сам со себе, не пак со Гордана!

„Додека овој глуми самодоверба, тој е длабоко во себе еден уплашен човек седнат во скутот на ДУИ. И ме асоцираат и тој, а и Ковачевски и нивниот однос со ДУИ, на  култната реплика од филмот „Среќна нова '49“, кога изневерените очекување кон пријателот се оправдуваа со реченицата: Извини Пиги, морално беше. Извини Пиги морално беше, ќе им каже ДУИ на Пендаровски и Ковачевски вечерта на 8 мај кога сите заедно катастрофално ќе изгубат и ќе бидат поразени од народот“, изјави Христијан Мицкоски на митингот во Битола.

808

„Изборот е помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Пендаровски е арогантен. И треба да добиеме впечаток дека е сега дојден нов во политиката, а не пет години претходно и наместо претседател, тој стана коментатор, кој по ниедно дело нема да го запаметиме. Тој е едноставно како турист во сопствената земја“.

Ова го изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг во општина Битола.

Мицкоски праша што направил Пендаровски во неговата 30-годишна кариера како политичар и советник, додавајќи дека Стево е нераскинлив дел на криминалната коалиција СДСМ и ДУИ.

– Еве, ве прашувам, што направил Стево Пендаровски во неговата 30-годишна кариера како политичар и советник? Ако некој се сети да го предложиме за Нобелова награда. Стево е нераскинлив дел на криминалната коалиција СДСМ-ДУИ од кои впрочем и бараше поддршка на овие избори. А сега сака намерно да се претставува дека е на дистанца – нагласи Мицкоски.

Кога го слушаме, се добива впечаток дека небаре вчера дошол во државава и е некоја нова личност што не ја познаваме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

– Седум години СДСМ е власт и нема автопат кој го изградија, а тој ги брани, ама притоа ви вика ако не го направат во идната влада, ќе им дадеме шут карта. Каков фолирант од човек – рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Пендаровски се плаши од дуел сам со себе, а не пак od дуел со Силјановска Давкова.

– Стево се плаши од дуел сам со себе, камо ли од дуел со професорката Силјановска Давкова. Но, она што важи како легенда е дека Стево Пендаровски најмногу се плашел од Артан Груби  и кога ќе го видел мирно стоел со часови, не се поместувал – рече тој.

Мицкоски додаде:

– Додека овој глуми самодоверба, тој е длабоко во себе еден уплашен човек седнат во скутот на ДУИ. И ме асоцираат и тој, а и Ковачевски и нивниот однос со ДУИ, на  култната реплика од филмот „Среќна нова ’49“, кога изневерените очекување кон пријателот се оправдуваа со реченицата: „Извини Пиги, морално беше“. Извини Пиги морално беше, ќе им каже ДУИ на Пендаровски и Ковачевски вечерта на 8 мај кога сите заедно катастрофално ќе изгубат и ќе бидат поразени од народот.

Мицкоски ги предупреди граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта.






– Jас таквата игра на сценарија креирани од СДС и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат. На тие луѓе не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете, како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи. Но, сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа – рече Мицкоски.

„На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица 5 на митингот во Битола.

Сајкоски додаде дека Силјановска е професионалец со извонредни достигнувања.

– Таа е член на Венецијанската комисија, еден од најактивните пратеници. Во политиката таа е борец за право и правда. Потребно е претседателот да биде со народот кој ќе се стреми кон национално единство, а таа постојано говори и се заложува за истото – кажа Сајкоски.

 

 

Поврзани содржини