„Флуент“ ќе шие и ќе донира 2.000 маски
Нашата цел, вели директорот на „Флуент“ Амет Имери, е овие денови да произведуваме најмалку 2000 заштитни маски и сите тие да ги доделиме гратис.
Под мотото „Еден за сите, сите за еден“ наставниот кадар на Центарот за образование, курсеви и обуки „Флуент“, покрај воспитно-образовните активности во форматот „настава од дистанца – онлајн“, почна да ја спроведува и добротворната акција со цел придонес кон заштитата на здравјето на граѓаните.
„Како институција која брои значителен број на кандидати и наставен кадар, дојдовме до заклучок дека не треба да останеме рамнодушни пред новонастанатата ситуација со КОВИД-19 и дека треба да ја почнеме ова акција со цел да им помогнеме на граѓаните со бесплатна распределба на стотици заштитни маски за возрасните и за децата, кои се изработени според сите здравствени стандарди. Ние веќе обезбедивме неколку машини за шиење и пеглање, а нашите канцеларии се пренаменети да работат за производство на маски, со строго почитување на препораките на Владата, односно Министерството за Здравство – социјална дистанца и постојана дезинфекција на просторите и алатки за заштита на нашите волунтери“, наведено е во сооопштението.
Нашата цел, вели директорот на „Флуент“ Амет Имери, е овие денови да произведуваме најмалку 2000 заштитни маски и сите тие да ги доделиме гратис.
– Исто така, целта на оваа добротворна активност е дека во времето на работа од дома да ги активираме добронамерните кројачи, без потреба да дојдат до нашите канцеларии. Нашата активност е уникатна бидејќи освен оваа, нашата цел е на кројачот кој ќе стигне до бројката 700 да ја им подариме машината за шиење кој понатаму ќе ја користи за своите потреби. Активноста беше исклучително добро прифатена од граѓаните – вели Имери.
Тој додава дека досега се пријавени многу волунтери –кројачи, и секој што сака да помгоне слобдоно може да се пријави.
– Фигуративно или симболично кажано, ако можеме да ги претвориме нашите домови во места за
само-изолација за да се спречи проширувањето на вирусот, исто така и нашите канцелари можеме да ги претвориме во „мини-фабрики“ за производство на едно најважно средство во оваа
време кога на пазарот цените се енормни. Тоа средство е токму заштитната маска, која ја произведуваме и донираме бесплатно. Ако нормалните маски може да се носат за краток временски период, оние кои ние ги произведуваме можат да се користат подолго, со можност да ги мијат и повторно да ги користат, запазувајќи ги притоа сите здравствени стандарди – додава Имери.