📽️ ФЛОТАТА НА ГРЕТА ТУНБЕРГ Е БЛИСКУ ДО „ПОРТОКАЛОВАТА ЛИНИЈА“ За неколку дена израелските власти ќе имаат проблем?

Еден од бродовите од претходна мисија, наречен „Conscience“, бил погоден со дрон, што предизвикало пожар и оштетување. Потоа, на 9 септември, брод од флотата која тргна од Барселона беше запален во водите кај Тунис. Државата Тунис негираше дека се работи за напад со дрон.

341

Флотата бродови со хуманитарна помош, на која се и Грета Тунберг, европската пратеничка Рима Хасан и актерот Лијам Канингам, се ближи кон таканаречената „портокалова линија“ – морска координата што ја означуваат активистите како критична точка по која Израел претходно интервенирал против бродови со помош за Појасот Газа.

Според координаторот Киријан Андрију, линијата е во меѓународни води „каде Израел претходно незаконски пресретнувал пловила“.






Групата, наречена „Global Sumud Flotilla“, брои над 50 чамци со активисти, лекари и јавни личности од 44 земји. Пловат од Барселона и се надеваат дека ќе го пробијат израелскиот поморски обрач околу Газа. Според процените, портокаловата линија ќе ја допрат за околу 5 дена.

– Сè е добро денес – рече Андрију, додавајќи дека во близина забележале засилена дронска активност.

Еден од бродовите од претходна мисија, наречен „Conscience“, бил погоден со дрон, што предизвикало пожар и оштетување. Нападот се случил во мај, во меѓународни води пред Малта, потврдија од коалицијата „Freedom Flotilla“. Иако немало жртви, случајот ги зголеми тензиите.

 

 

Потоа, на 9 септември, брод од флотата беше запален во водите кај Тунис.

Додека властите во Тунис негираат дека се работи за напад и дека пожарот избил одвнатре, флотата Глобал Сумуд (ГСФ) вели дека се работи за удар од дрон. На социјалните мрежи се појави снимка од сјаен објект кој удира во пловило.

Пратеничката Рима Хасан која е на флотата и европски групи побараа почитување на меѓународното право. Активистите пак велат: „Подготвени сме за сè, но нема да одговориме со насилство“.

Флотата е реакција на меѓународните критики за состојбата во Газа, каде што офанзивата, блокадата и гладот ги ставаат цивилите под екстремен притисок.

 

Поврзани содржини