ФЛОТА ЛУКСУЗНИ „МАСЕРАТИ“ ЧМАЕ ВО СКЛАДИШТЕ Невидено расипништво, граѓаните бесни, власта признала дека направила страшна грешка
Владата на Папуа Нова Гвинеја предводена од експремиерот Питер О Нил, ги купила автомобилите по цена од 197.000 австралиски долари по возило, или вкупно потрошила 7,9 милиони долари.
Цела флота од скапоцени „масерати“, кои владата на Папуа Нова Гвинеја ги купила за состанокот на челниците на АПЕЦ 2018 година, а што предизвикало жестоки реакции во јавноста, понудена е на продажба по значително пониска цена.
Министерот за финансии Џон Пундари признал дека купувањето на луксузните возила било страшна грешка и најавил дека автомобилите ќе бидат понудени на продажба по пониска цена од 158.000 австралиски долари.
Владата предводена од експрерот Питер О Нил, ги купила автомобилите по цена од 197.000 австралиски долари по возило, или вкупно потрошила 7,9 милиони долари.
-Да гледавме во иднината, „масератите“ воопшто не би ги купиле. Направивме страшна грешка. Ако на Папуа Нова Гвинеа нема дилери на „масерати“, немало ни причина да ги купуваме – изјавил тој.
Луксузните возила купени од трговец во Шри Ланка и донесени со џамбоџет, предизвика големо негодување во јавноста, неколку недели пред самитот во 2018 година.
Возилата биле купени за превоз на светските водачи кои присуствувале на самитот, но поради контроверзиите за нив, некои водачи како новозеландската премиерка Џасинда Ардерн одбиле да ги користат.
За да го смири гневот на јавноста, тогашниот министер на АПЕЦ, Џастин Ткаченко ветил дека возилата ќе се продаваат како жешки колачиња. Три години подоцна, само два примероци се продадени.
– Оваа набавка покажува сериозен недостиг од планирање и разочарувачка и многу очигледна подготвеност за трошење на јавните пари и тоа во земја во развој, каде основните јавни добра, како патишта, здравствени услуги се целосно недостапни или се неквалитетни – вели Пол Баркер, извршен директор на ПНГ Институтот за национални работи.
Баркер бил еден од најгласните критичари за купувањето на возилата и изразил скептицизам за владиното тврење дека ќе најде купувачи за автомобилите по завршувањето на самитот. Тој тогаш кажал дека возилата се несоодветни за возење по локалните патишта и дека не постои домашна фирма која би ги сервисирала автомобилите.
Во 2019 година Џејмс Марапе, тогаш министер за финансии, а сега премиер, ги одвел новинарите од локалните медиуми до складиштето во Порт Моресби, каде се наоѓале возилата, за да покаже дека ниту еден автомобил не исчезнал, ниту е украден и дека сè уште се во совршена состојба.