Флорентино Перез позитивен на коронавирус

Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.

285

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирус, но не покажува симптоми, соопшти попладнево актуелниот шпански фудбалски првак.

„Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува симптоми“, се наведува во клупското соопштение.






Перез идниот месец ќе го прослави својот 74 роденден.

Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.

Поврзани содржини