FLEX GROUP ЌЕ СЕ ЗАПЕЧАТИ КАКО ЕВРОПСКИ БРЕНД Кога растот на една компанија станува раст на цела економија
Во време кога локалната економија бара стабилни партнери и одржливи модели на раст, Flex Group се издвојува како пример дека успешниот бизнис не се мери само во бројки туку и во влијание.
– Нашата улога е повеќекратна. Имаме клучна улога во финансиската инклузија, работиме таму каде што класичните банки не се присутни, обезбедувајќи пристап до финансиски услуги за луѓе и бизниси кои инаку би останале на маргините – вели Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Group.
Со повеќе од 380 вработени и широка филијална мрежа, Flex Group денес е еден од најголемите приватни финансиски работодавци во земјата. Но нивниот импакт оди далеку над бројките, преку кредитите што ги одобруваат, граѓаните инвестираат во своите домови, образование или сопствени мали бизниси. Тоа е, како што објаснува Арсов, „директна инјекција во реалната економија која создава долгорочна вредност за сите.“
Од локален успех до европска приказна
Flex Group одамна ја надмина домашната рамка. Компанијата денес е присутна во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, а неодамна и во Црна Гора. Следната цел? Западна Европа.
– Имаме јасна слика како функционираат различни пазари и колку е важно да се адаптираш, без притоа да ја изгубиш суштината на брендот. Со проширувањето на запад, сакаме да го запечатиме Flex Group како европски бренд – стабилен, иновативен и препознатлив – вели Арсов.
Меѓународниот раст не е само корпоративен потег. Тој отвора нови можности и за луѓето внатре во компанијата. Преку експатска програма, дел од тимот ќе може да работи и да живее во други земји, да стекне ново искуство и знаење, кое потоа ќе го пренесе дома.
– Токму ова споделување на know-how ќе придонесе не само за развој на компанијата, туку и за подигнување на целиот локален финансиски пазар на повисоко технолошко и квалитативно ниво – додава тој.
Раст што создава доверба
Првата половина од 2025 Flex Group ја заврши со раст во сите сегменти, број на клиенти, издадени кредити и квалитет на услугата. Но за Арсов, бројките се само индикатор, не цел.
– Вистинската вредност е во довербата што клиентите ни ја укажуваат секој пат кога склучуваат договор со нас. Тоа значи дека нè препознаваат како фер, достапни и доследни партнери. А во финансискиот сектор, токму таа доверба е највредната метрика – вели тој.
Луѓето – најважниот капитал
Flex Group ја гради својата стабилност врз луѓето.
– Финансискиот сектор, особено микрофинансирањето, не е само производ и технологија, туку и услуга, емпатија, разбирање и комуникација – објаснува Арсов.
Компанијата инвестира во човечкиот капитал преку сопствена Бизнис Академија, менторски програми и обуки. Но највредната инвестиција, според него, е довербата.
– Нашиот слоган оваа година беше: „Признаваме не можеме без вас“. И тоа не беше маркетинг, туку искрена благодарност до сите кои секој ден ја движат компанијата напред – дададе Арсов.