„ФЛЕКС КРЕДИТ“ СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА Отворена првата филијала „Кредитеро“ во Шпанија
Од „Флекс кредит“ велат дека ова е голем чекор за нив, но генерално и за домашниот финансиски систем.
Групацијата „Флекс кредит“ се шири во Шпанија со бизнис моделот кој што се практикува во Македонија, Босна и Херцеговина и во Молдавија. Отворена е првата филијала во шпанскиот град Валенсија. Финансиското друштво во оваа европска држава функционира под името „Кредитеро“.
Од „Флекс кредит“ велат дека ова е голем чекор за нив, но генерално и за домашниот финансиски систем. Македонскиот бренд се позиционира на развиен пазар и тоа е додадена вредност за целата држава. Дополнително се планира во наредните три години во Шпанија да се отворат повеќе од 120 филијали.
Ова е предизвик за финансиското друштвото кое е силно уверено во идната успешност на брендот и секако потврда за успешната работа и досега.
„Кредитеро“ во Шпанија постои веќе две години, но досега функционираше само како онлајн финансиско друштво, кое нуди брзи и лесни кредити.