Компанијата Флекс кредит, еден од најбрзорастечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора.
– Овој важен чекор претставува продолжение на нашата долгорочна стратегија за интернационален развој и зацврстување на позицијата како лидер на пазарите каде што сме присутни. Проширувањето во Црна Гора е дел од нашата визија за глобален раст и посветеност кон градење стабилен, доверлив и модерен финансиски екосистем. Со секој нов пазар што го освојуваме, ние не само што носиме иновативни услуги за нашите клиенти, туку и отвораме нови можности за вработување, развој и придонес кон локалната заедница – велат од компанијата.
Денес, покрај во Македонија, Флекс кредит е присутен во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Мексико, а отсега и во Црна Гора – уште еден важен дел од нивната интернационална приказна за успех.
– Нашата сила лежи во синергијата на локалното искуство и глобалната визија, со што обезбедуваме квалитетна и персонализирана услуга за клиентите во секоја земја. Во темелот на нашето работење стои грижата за клиентите, вработените и заедницата. Веруваме дека долгорочниот успех се гради преку задоволни клиенти, мотивирани тимови, транспарентна комуникација, одговорни деловни практики и активна општествена одговорност. Со новиот пазар, новите соработници и новите идеи, продолжуваме да ја градиме приказната на Флекс кредит како стабилен, иновативен и општествено одговорен бренд кој остава позитивен отпечаток секаде каде што е присутен – додаваат од Флекс кредит.