ФЛАВИО ЈА КОНТРОЛИРА ТРИ ГОДИНИ ПО РАЗВОДОТ Не смее да се слика со мажи, мора со него да оди на одмор (ФОТО)
Кон крајот на минатата година, Елизабет ја изненади јавноста кога призна дека има договор со милионерот, според кој три години по разводот не смее да биде во јавност со своето ново момче. Таа официјално се разведе од Флавио во 2018 година, и доколку го прекршеше договорот, ќе мораше да плати многу високи казни.
Италијанскиот претприемач Флавио Бријаторе (71) и 30-годишната манекенка Елизабет Грегорачи беа во брак од 2008 до 2017 година, а тој се погрижи јавноста да не ја види со мажите со кои се таа се забавуваше по него.
Флавио, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, е фотографиран со својата поранешна сопруга на плажа на островот Сардинија. Додека Елизабета уживаше во спортови на вода, тој гледаше сѐ од чамецот.
View this post on Instagram
Манекенката го привлече вниманието во минијатурно, црно бикини во кое покажа совршена линија, а исто така не ја симна насмевката од лицето. Поранешниот шеф на Формула 1, како и секогаш, носеше маица и шорцеви на плажа, како и очила за сонце.
View this post on Instagram
Патем, поранешните сопружници имаат 11-годишен син, Нејтан Фалко, кого секогаш го земаат на одмор заедно. Флавио и Елизабет изгледаа добро расположени, како и секогаш кога се заедно во јавност.
View this post on Instagram
Новата девојка на Флавио, 25-годишната манекенка Марија Лудовико Кампано, со која е во врска од минатото лето, не беше со нив. Пред тоа, Флавио беше во врска со студентката по право Бенедети Боси, а на неговата листа на поранешни девојки се Наоми Кемпбел, како и Хајди Клум, со која ја има 17-годишната ќерка Лени.
Додека Бријаторе се фали со својот љубовен живот и ги менува само младите убавици и модели, неговата поранешна сопруга според договорот не смее во јавност да го покаже своето ново момче.
View this post on Instagram
Кон крајот на минатата година, Елизабет ја изненади јавноста кога призна дека има договор со милионерот, според кој три години по разводот не смее да биде во јавност со своето ново момче. Таа официјално се разведе од Флавио во 2018 година, и доколку го прекршеше договорот, ќе мораше да плати многу високи казни.
– Таа го потпиша договорот и затоа никој не ја виде со други мажи откако се разведе од Флавио. Можеби се дружи со некого, но тоа е нејзина приватна работа – рекол извор близок до Елизабет за италијанските медиуми. Таа самата на крајот призна дека цело време била во врска, но била внимателна никој да не ја фотографира.
– Флавио е посесивен, јас го направив сето тоа за негово добро – рекла Елизабет.
View this post on Instagram
Интересно е што Флавио, пред да се збогати, бил готвач во ресторани и продавач на осигурување во Италија. Тој беше осуден по неколку обвиненија за измама во 1980-тите, и доби две затворски казни, иако тие пресуди подоцна беа поништени со амнестија.