ФК БРЕГАЛНИЦА ОСТРО ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ ДЕЦАТА И БАРА НАЈВИСОКИ КАЗНИ ЗА ВИНОВНИЦИТЕ „Спортскиот терен е место за покажување манири што се учат од најмали години“

67

Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осуди инцидентот што се случи на денешниот натпревар од младинската Супер лига во Штип во кој родител на гостинскиот тим Шкупи физички нападна двајца фудбалери на домашниот клуб.

„Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и на демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на кој било фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување манири кои се учат од најмала возраст“, соопшти Брегалница.






43-ГОДИШЕН РОДИТЕЛ Е УАПСЕН ПО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧОТ МЕЃУ ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА Физички ги нападнал двајцата малолетници од Штип

Инцидентот се случи денеска на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, кога за време на одигрување на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на ФК Брегалница од Штип и ФК Шкупи од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК Шкупи, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК Брегалница, и им нанел повреди.

Веднаш по нападот, како што претходно соопшти МВР; полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош.

„На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционираат виновниците“, се вели во соопштението на ФК Брегалница.

🎥 РОДИТЕЛИ НА ИГРАЧИ НА ШКУПИ ВЛЕТАЛЕ НА ТЕРЕНОТ И НАПАДНАЛЕ ФУДБАЛЕРИ НА БРЕГАЛНИЦА Две деца со тешки повреди откако биле удирани со клоци на младинскиот натпревар

Поврзани содржини