Физиката ја претворил во уметност! Скулптури кои личат на животни се движат по плажа (ВИДЕО)

Овој научник работел на механиката скоро шест децении.

601

„Животни на плажа“, дело на холандскиот научник и уметник Тео Јансен, се големи скулптури кои се движат со помош на ветерот по плажата, потсетувајќи на огромни животни во движење, кои ги освоија симпатиите на луѓето.

Овој научник работел на механиката скоро шест децении, а со студијата и производството на кинетичките скулптури од ПВЦ материјал започнал во 90-тите години на минатиот век и тој ги нарекува „Strandbeest“.






Тој вели дека необичните скулптури се со многу сложен дизајн и не претставуваат механизам, но на нив гледа како на еволуција. Сепак, тој ги збогати некои од последните дела од овој тип со вештачка интелигенција, така што кога „Животните на плажа“ ќе дојдат до морето, да го сменат курсот.

Благодарение на ветерот, изгледа како големи скулптури да парадираат или да танцуваат на плажа.

Поврзани содржини