ФИЗИЧКИ НАПАД ВО ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА Прилепчанка пријави дека колешка ја удрила во канцеларија

Полицијата во Прилеп спроведува мерки за целосно расчистување на инцидентот што се случил во Центарот за социјални работи.

368

45-годишна прилепчанка била физички нападната од своја колешка додека се наоѓала на работното место во Центарот за социјални работи во Прилеп.

Според информациите на полицијата, инцидентот се случил вчера, на 21 октомври 2025 година, околу 14:45 часот. Жената го пријавила случајот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, каде што изјавила дека нејзината колешка физички ја нападнала во текот на работниот ден.






Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на причините кои довеле до инцидентот. Засега не се познати мотивите за нападот, ниту дали жената побарала медицинска помош по случката.

Полицијата најави дека по завршувањето на истрагата ќе се поднесат соодветни пријави против сторителката.

Поврзани содржини