Физичка пресметка на Ерменци и Азербејџанци на улиците во Лондон (ВИДЕО)

Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред ерменската амбасада во Лондон, а малку подоцна се појавија и претставници на ерменската дијаспора.

1,128

Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред Ерменската амбасада во Лондон, а малку подоцна се појавија и претставници на ерменската дијаспора.






После тоа дојде до конфликт меѓу двете страни, соопшти амбасадата на Азербејџан.

Азербејџанците кои живеат во Лондон ги носеа знамињата на нивната земја и се собраа да ги осудат постапките на ерменската армија на границата со Азербејџан.

Демонстрантите извикуваа пароли велејќи дека Карабах е Азербејџан.

Амбасадата на Азербејџан истакна дека Ерменците се обиделе да предизвикаат провокации, но во тоа не успеаја, затоа што Азербејџанците покажаа „воздржаност“. Сепак, снимките покажуваат дека конфликтот не бил избегнат.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин реши да се справи со ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, со цел да се избегне ескалацијата. Министерот за одбрана на Турција неодамна изјави дека Анкара би можела да му даде воена помош на Азербејџан.

 

Поврзани содржини