Фирмите треба да вратат повеќе од 19,5 милиони евра за примената поддршка за плати и придонеси

Лани преку Управата за јавни приходи државата исплати  135.344.818 евра за плати и придонеси на дфирмите и самостојните вршители на дејност.

757

Вкупно 19.598.878 евра  ќе треба да вратат фирмите и физичките лица кои вршат самостојна дејност за примената поддршка за плати и придонеси добиени лани во април мај и јуни и октомври ноември и декмеври, соопшти денеска  на прес конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Лани преку мерките на владата кои се реализираа преку Управата за јавни приходи се исплатени вкупно  135.344.818 евра, а фирмите и самостојните вршители на дејност ќе треба да вратат само 14, 7 отсто од овој износ.– рече Лукаревска.






Таа соопшти дека враќањето на парите ќесе врши согласно пресметките кои ќе ги направи управата за јавни приходи и на три рати без камата.Ќе се  реализира два пати во годинава во месеците кога е земена и помоѓта односно април, мај и јуни и октомври ноември и декември.

-Досега во УЈП  барања  за пресметки на износот на враќање доставиле вкупно 20.693 фирми и  2643 самостојни вршители на дејност за исплатената помош за плати во април мај и јуни лани  и 15.087 фирми и  2.216 вршители на дејност за октомври ноември и декември лани. Дел од овие барања сѐ уште не се комплетни – рече Лукаревска.

За враќање на парите добиени како субвенција за социјални придонеси придонеси се 2.077 барања од фирми и 358 барања од самостојни вршители на дејност.

Лукаревска рече дека службите во УЈП ќе ги почнат пресметкита за комплетираните барања и според законските критериуми за распределба на поддршката.

-Враќањето на парите ќе се пресметува според остварените резултати на фирмите и тоа во највисок износ до 50% од остварениот финансиски резултат пред оданочување на 2020. За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисок износ на враќање е до износот од 50% од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020. Самовработените лица враќањето е најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат – рече Лукаревска.

Поврзани содржини