Фирмите просечно чекаат седум месеци за наплата на завршени набавки

Дури 48 отсто од фирмите сметаат дека „секогаш“ или„често“ има корупција во јавните набавки, а три четвртини од фирмите како најчест проблем ја наведуваат најниската цена како критериум за добивање на набавката. 

621

Нетранспаретни јавни набавки, најниска цена услов за добивање на набавката и манипулации со поништувањето на постапката нотира  Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, на Центарот за граѓански комуникации.

Според анкетата која е содржана во овој извештај фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,82 (на скалата од 1 до 5), што е незначително намалување во однос на лани, кога оценката беше 2,87.






Дури 48 отсто од фирмите сметаат дека „секогаш“ или„често“ има корупција во јавните набавки, а три четвртини од фирмите како најчест проблем ја наведуваат најниската цена како критериум за добивање на набавката.

Фирмите се жалат и на задоцнетото плаќање. Тие просечно чекаат седум месеци за наплата на побарувањата за завршените набавки.

Од Центарот оценуваат дека честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја отвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите.

Оттаму сметаат и дека транспарентноста на јавните набавки не е на предвиденото ниво во согласност со новиот Закон за јавните набавки.

– Во повеќе од четвртина од мониторираните постапки на централно ниво (27,5 %), евидентирано е непочитување на законската обврска за известување во однос на спроведените тендери – велат од Центарот.

И во овој извештаен период е констатирано дека продолжува практиката најниската цена да биде критериум за избор на најповолна понуда во 97 % од тендерите, а електронската аукција е применета во дури 94 % од тендерите. Ваквото постапување на институциите не е во согласност со актуелните европски трендови, ниту, пак, соодветствува на барањата на бизнис-заедницата.

Лани не запрело доделувањето на набавката во чертири очи, односно  со директни преговори и без објавување оглас. На ваков начин се  склучени  368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Во однос на претходната година намален е бројот на договори, но вредноста е зголемена за 21%.

 

Поврзани содржини